Утрински Весник
Спорт

Ќерката на Пеле смирува: Здравјето на „кралот на фудбалот“ не е сериозно загрозено

Ќерката на Пеле смирува: Здравјето на „кралот на фудбалот“ не е сериозно загрозено

Состојбата на Пеле е стабилна, соопштија од болницата каде вчера уште еднаш беше примена бразилската легенда. Пеле (82) беше опериран од тумор на дебелото црево во септември минатата година и оттогаш често бара медицински надзор. Вчера се појави информација дека тој е хоспитализиран.

dobivaj vesti na viber

Од болницата „Алберт Ајнштајн“ прецизираат дека по неговиот преглед, „кралот на фудбалот“ бил хоспитализиран, но не е во одделението за полуинтензивна нега.

Ќерката на Пеле, Кели Насименто, исто така ги смири сите со објава на Инстаграм.

„Во медиумите имаше многу загриженост за здравјето на татко ми. Нема ништо итно за неговото примање или некоја страшна лоша прогноза. Ќе бидам таму околу Нова година и ветувам дека ќе објавам неколку фотографии“, објави Кели Насименто.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ