Утрински Весник
Македонија

Ковачевски со Советот на амбасадори: Потребно ни е знаење за историски најважната евроинтеграција

Ковачевски со Советот на амбасадори: Потребно ни е знаење за историски најважната евроинтеграција

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска беше домаќин на средба со претставници на Советот на амбасадори, претседателот Мухамед Халили, Тихомир Илиевски, Елеонора Петрова, Љупчо Арсовски, Илјаз Сабриу, Нано Ружин.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се разговараше околу тековниот скрининг процес, како и претстојните чекори кои Владата ги спроведува во преговорите со Европската Унија. Поздравена беше посветеноста на Владата која е видлива во спроведувањето на скрининг процесот, но и кон задржување на европскиот курс на државата.

Ковачевски истакна дека Владата е целосно поставена со политиките на ЕУ, а секако и како НАТО членка силно придонесува кон обединетоста и заедништвото во политиката на Алијансата.

На средбата се разговараше и за глобална состојба со енергетската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и развојот на состојбите и можните сценарија за претстојната зима.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?