Утрински Весник
Магазин

„Пипл“: Ова се личности на годината

„Пипл“: Ова се личности на годината

„Пипл“ им оддава почит на Квинта Брансон, Џенифер Хадсон, Мила Кунис и Метју Меконахи за инспиративната работа што ја направија оваа година.

dobivaj vesti na viber

Во едиторијалот, главната уредничка на угледниот магазин, Венди Нагл, пишува: „Најхраброто нешто што можеме да го направиме? Да помагаме.“

„Размислував многу за тоа што инспирира некого да преземе акција, да ги донира своето време, пари и страст за некоја кауза, да направи нешто повеќе од твит или објава на Инстаграм. Тоа ми беше на ум затоа што се чини дека на светот му треба нашата помош повеќе од кога и да е, а исто така и затоа што луѓето што ги славиме во ова издание не се двоумеа да го дочекаат моментот. Не прашаа зошто баш јас, ниту чекаа дозвола, ниту се заглавија во сомнеж во себе. Тие, едноставно, се фатија за работа,“ стои во текстот на главната уредничка.

Таа воедно објави листа на познати личности за кои смета дека ја заслужуваат титулата личност на годината, а на неа има еден маж и три жени.

Актерот Метју Меконахи, актерката Мила Кунис, добитничката на „Еми“ Квинта Брансон и пејачката Џенифер Хадсон се истакнаа по нивната хуманитарна работа и несебичното помагање на другите во изминатава година.

Метју Меконахи
„Кога во родниот град на Метју Меконахи имаше вооружен напад врз училиште минатиот мај, при што настрадаа 19 деца и двајца вработени во училиштето, актерот и неговата сопруга Камила брзо се вратија во гратчето Увалде“.

„Тие немаа план: само почнаа да разговараат со семејствата на жртвите и веднаш видоа колку родителите сакаат животот на нивните деца да биде важен. Со цел да иницира реформи за поседување оружје, двајцата презентираа предлози до американскиот Конгрес да усвои нацрт-закон за ограничување на пристапот до оружје. Еден месец подоцна, законот беше усвоен“, пишува „Пипл“.

Квинта Брансон
Добитничката на „Еми“ Квинта Брансон е одговорна за документарната серија Abbott Elementary. Таа сакаше да создаде серија што ќе го премости генерацискиот јаз и ќе ги насмее неа и нејзините родители и баба и дедо на истите шеги. „Важноста да се смееме и да се смееме заедно за исти работи е исцелување. Нема ништо поубаво од тоа, бидејќи така се градат и зајакнуваат односите меѓу луѓето,“ вели таа.

Џенифер Хадсон
Со нејзиното ново ток-шоу, мисијата на Џенифер Хадсон беше да создаде платформа за секого, за сите да имаме место каде што се чувствуваат вклучени. Џенифер го започна шоуто откако стана најмладата жена што го постигнала статусот ЕГОТ (добитник „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“) на 41-годишна возраст.

Мила Кунис
По руската инвазија на Украина, актерката Мила Кунис веднаш решила да им помогне на унесреќените луѓе во својата родна земја.

„Бидејќи сум од Украина, моите пријатели почнаа да ме прашуваат со кого можам да контактирам за донации и веднаш знаев дека морам да помогнам“. Незнаењето од каде да почне не ја забави: „Немавме решение, па создадовме“. До денес има собрано 37 милиони долари за бегалци.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста