Утрински Весник
Македонија

МОН: Учебниците за најмалите основци имаат еднократна употреба, останатите се користат најмногу 5 години

МОН: Оваа и следната недела печатење и испорака на најголем дел од новите учебници

Министерството за образовани и наука информира дека согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можат да се користат најмногу до 5 години, со исклучок на оние за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно.

dobivaj vesti na viber

„ Учебниците и сите други наставни материјали кои ги обезбедуваат надлежните институции од областа на образованието предводени од МОН и кои се изготвени врз основа на наставните програми, имаат за цел првенствено да им помогнат на учениците во совладувањето на наставната материја и стекнувањето на применливи знаења преку учење со разбирање, но и да ги стимулираат нивната креативност и критичко размислување.

За постигнување на овие цели, неопходна е целосна реализација на наставните програми, а кои меѓудругото предвидуваат и пополнување на содржини во дел од учебниците. Затоа, МОН упатува апел до сите учесници во спроведувањето на воспитно – образовниот процес, да не го ограничуваат користењето на учебниците и пополнувањето на содржините во рамки на истите кои се предвидени за пополнување од страна на учениците“ велат од МОН.

Исто такат, нема потреба ниту од печатење на учебниците кои се достапни во електронски формат, МОН продолжува и во иднина да набавува целосно нови учебници за најмалите основци и да ги заменува оние од другите одделенија кои поради дотраеност не можат да се користат, додаваат од министерството.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи