Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Цената на лебот веќе се намали, цените на маслото за јадење на некои производители исто така се намалија како резултат на последната мерка, а во наредиот период очекувам стабилизирање и намалување на цените на основните прехрамбени производи до 10%, порача премиерот Димитар Ковачевски вечерва на партиска трибина во Куманово.

dobivaj vesti na viber

„Антикризните мерки даваат резултат, но имаме уште работа. Децата мора да одат в училиште, мора да имаат греење, мора да има електрична енергија за да функционираат градинките, училиштата. Мора да функционираат и болниците, здравствените работници да имаат услови за работа и да се грижат за здравјето на пациентите. Затоа во регулираниот пазар на струја овозможивме да се вклучат јавни здравствени установи, како и 365 основни и 109 средни училишта, вкупно 518 субјекти“ рече тој.

Ковачевски потсети дека покрај субценионирањето на цената на струјата, обебзедена и дополнителна финансиска помош за електрична енергија за семејствата со ниски примања.

„Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Со оваа мерка, секое семејство е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината, додаде Ковачевски во Куманово.

Го вложив сето мое 22 годишно менаџерско и економско искуство во приватниот сектор, за соодветен одговор на кризата, врз вредностите на солидарност и праведност, порача тој.

Можете да прочитате

Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај

Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори