Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Заради криминогеноста во РЕК Битола, ЕСМ за 23 дена од ноември купила струја за 23 милиони евра

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

Заради криминогеноста во РЕК Битола, ЕСМ за 23 дена од ноември купила струја за 23 милиони евра за потребите на домаќинствата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ништо од ветувањата на власта дека ќе работат сите три блока во РЕК Битола. На почеток на декември сме, а поголемиот дел од времето до сега работи само еден блок. РЕК Битола не работи со полн капацитет од две причини поради немањето на доволно јаглен и поради техничките проблеми кои се резултат на некадарност на раководството.

Недоволното пеоизводство на РЕК Битола резултура со скап увоз, кој ЕСМ е должен да го направи за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Доколку РЕК работеше со најмалку два блока, немаше да има потреба од увоз на струја во ноември, а доколку работеше со три блока, ќе можеше и да продаде струја на стопанството.

РЕК Битола од страна на власта се користи само како средство за делење на тендери на фирми блиски до СДС и делење високи плати на функционерите именувани од власта. Резултатот од менаџирањето на СДС со РЕК Битола е под нулата. Народот ја плаќа неспособноста и криминогеноста на власта“ соопштија од партијата.

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025