Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска создаде хаос, се скара со синдикалци, приватни превозници, доцнат плати

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска ќе остави без егзистенција 100 вработени од „Водовод“
Img 5587

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наместо да ги решава проблемие на граѓаните, таа создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Скопје е нечисто како никогаш до сега. Се скара со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација. Се скара со синдикатот на ЈСП. Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари.

Img 5587

Единствено со кого не се скара е со СДС. Оддеднаш заборави на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на СДС. Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата.

Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Аросовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните“ порачаа од опозициската партија.

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово