Утрински Весник
Магазин

Предвидување: се очекува голем раст на акциите на „Дизни“ оваа зима

Предвидување: се очекува голем раст на акциите на „Дизни“ оваа зима

„Волт Дизни“ овој Божик ќе објави низа популарни филмови, меѓу кои и „Аватар 2: Патот на водата“.

dobivaj vesti na viber

А според аналитичарите, „Дизни“ е на пат на големо засилување оваа зима имајќи предвид дека продолжението на еден од најголемите блокбастери на сите времиња пристигнува во киносалите на 15 декември.

„Аватар“ го постави рекордот за филм со најголема заработка од 2,8 милијарди долари кога се појави на големото платно во 2009 година.

Продолжението на „Аватар“ би можело да генерира приходи од над 1 милијарда долари за „Дизни“. Вообичаено, студијата и кината ги делат приходите од благајните 50/50. Користејќи ја оваа претпоставка, ако „Аватар 2“ генерира сличен приход како оригиналот, уделот на „Дизни“ може да биде над 1,4 милијарда долари, предвидуваат аналитичарите.

Првиот „Аватар“ е еден од филмовите со најголема заработка досега, а по премиерата, беше филм со најголема заработка седум последователни недели. Првиот викенд инкасира 77 милиони долари. Се очекува „Аватар 2“ да ја удвои оваа цифра. Според процените, филмот ќе заработи околу 150-170 милиони долари на своето деби.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста