Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Пред 40 години излезе еден од најпродаваните албуми на сите времиња

(Видео) Пред 40 години излезе еден од најпродаваните албуми на сите времиња
Img 7972

Комбинирајќи рок, поп и аренби како никој досега, Мајкл Џексон го објави Thriller пред 40 години, албум кој стана еден од најпродаваните во историјата, албум што со своите аудиовизуелни амбиции дефинира нова музичка ера.

dobivaj vesti na viber

„Трилер“ беше објавен на 30 ноември 1982 година и до денес е продаден во повеќе од 100 милиони примероци. На Џексон му донесе статус крал на попот и стана музичка инспирација за многумина.

И покрај многуте контроверзии и обвинувања за педофилија, популарноста на Џексон не беше загрозена, а на музичката платформа „Спотифај“ неговата музика и ден-денес се стримува повеќе од 35 милиони пати месечно.

„Мајкл е некој кому му се восхитувам. Тој е нереален, знаете? Кога почнав да се занимавам со музика, кон тоа се стремев, како и секој друг музичар“, изјави неодамна канадскиот хитмејкер Д’ Викенд.

Продуцентот Квинси Џонс е одговорен за голем дел од магијата на „Трилер“, иако издавачката куќа „Епик тајм“ не беше воодушевена бидејќи Џонс потекнуваше од џезот, жанр чија продажба беше кикиритки во очите на музичката индустрија. Но, Џексон и продуцентот Џонс имаа одлична соработка.

„Кога ја завршувавме песната Beat It, работевме пет ноќи и пет дена без сон. Во еден момент звучниците буквално се запалија“, изјави еднаш Џонс во интервју за магазинот „Ролинг стоун“.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи