Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Столтенберг: Ќе ја браниме секоја педа од нашата територија

Шефот на НАТО: Путин сака да ја искористи зимата како оружје за војна
300x250 opst2

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека воената алијанса е подготвена да ја брани секоја педа од својата територија.

dobivaj vesti na viber

Столтенберг, говорејќи на состанокот организиран од Институтот Аспен од Романија и германскиот Маршалов фонд, истакна дека Романија е силен и многу важен сојузник на НАТО.

„Тоа го повторувам секој ден. Романија дава голем придонес за НАТО давајќи ми одличен заменик генерален секретар“, нагласи тој.

Столтенберг најави дека министрите за надворешни работи на НАТО се состануваат во Букурешт во време кога на границите на Романија беснее руската војна.

„ Ова е критично време за нашата безбедност, но ние испраќаме порака дека НАТО е тука, буден и подготвен да ја брани секоја педа од својата територија. Како одговор на војната во Украина, ја подигнавме подготвеноста на нашите војници. Ги удвоивме нашите борбени единици од две на осум. Минатата недела „НАТО спроведе вежби во Романија во кои учествуваа авиони од Шпанија, Турција, САД и Франција. Ова покажа дека сојузниците на НАТО соработуваат и дека се подготвени да ја одбранат секоја педа од земјата, како и нивниот воздушен простор“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој рече дека НАТО не е дел од конфликтот во Украина, но дека и дава поддршка на таа земја.

„ Украина е нација која има право на самоодбрана, што е напишано во Повелбата на ОН. Путин се соочува со неуспех и на тоа одговара со поголема бруталност. Имаме се повеќе ракетни напади врз цивилната инфраструктура. Страшно е за Украина, но тоа е тешко време и за нас во Европа и целиот свет“, подвлече Столтенберг.

Тој рече дека сите ние ја плаќаме цената на руската војна против Украина, но ја плаќаме во пари, а Украинците ја плаќаат со крв.

„ Ако дозволиме Путин да победи, сите ќе платиме повисока цена, бидејќи тогаш лекцијата што Путин и другите авторитарни лидери би ја научиле е дека се исплати да се користи сила. Тоа би го направило нашиот свет многу покревок и опасен. Затоа во наш интерес е да ја поддржиме Украина“, нагласи тој.

Според него, нема одржлив мир ако победи агресорот, ако угнетувањето и автократијата победат над демократијата.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа