Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е без јавен превоз, а Арсовска и Ковачевски наместо да го решат проблемот, прават тајни средби за матни зделки

Белимов: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ предизвика колапс на јавниот превоз и хаос во Град Скопје

Скопје е без јавен превоз, а Арсовска и Ковачевски наместо да го решат проблемот, затоа што само тие се надлежни прават тајни средби за матни зделки, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Лицемерен е односот на Ковачевски и Арсовска околу проблемите во град Скопје, нивната тајна коалиција функционира за се, освен за решавање на проблемите на скопјани. Ковачевски и Арсовска го вратија Скопје 100 години назад. Секој нов ден Арсовска дава причина и оправдување плус зошто таа ја загуби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопјани не можат да се движат слободно, доцнат за работа, децата за училиште, буквално се е застанато. Арсовска наместо да го реши проблемот ги напаѓа превозниците и дрско се однесува со луѓето кои се сервис на Скопје 24/7.

Градот Скопје не постои заради Арсовска, туку заради скопјани. Арсовска да не ја злоупотребува функцијата и да почне да работи, тоа за што е платена, а тоа е сервис на народот“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?