Утрински Весник
Економија

Шпаркасе Банка со нова функционалност на своите банкомати

Шпаркасе Банка со нова функционалност на своите банкомати

Со цел да биде во чекор со иновативните модерни технологии за банкарско работење, Шпаркасе Банка АД Скопје на својата мрежа на банкомати воведува дополнителна функционалност достапна за физички лица, иматели на дебитни и кредитни картички.

dobivaj vesti na viber

Благодарение на новата функционалност, клиентите имаат можност за директна уплата на готовина на својата дебитна или кредитна картичка без потреба од чекање на шалтер, како и електронски трансфер на средства од трансакциска сметка на својата кредитна картичка или кредит.

Од другите можности, важно е да се напомене дека се дозволени сите книжни денарски апоени, додека максималниот број банкноти при поединечна уплата изнесува 40.

Со оваа нова поволност на банкоматите, Шпаркасе Банка овозможува подостапни и поедноставни услуги скратувајќи го потребното време и трошоци за уплата и исплата на готовина независно од локацијата и работното време на експозитурите и на филијалите.

Оваа услуга е достапна на банкоматите на Шпаркасе Банка на следните локации: Експозитури и банкомати на Шпаркасе Банка (sparkasse.mk)

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.

ПР

Можете да прочитате

Седница на Советот на НБРМ: Стабилна макроекономска состојба и потреба од внимателно следење на светските ризици

Мицкоски: Историски рекорд во капиталните инвестиции – над 30% реализација во првиот квартал

Можно поевтинување на бензините, дизелот останува стабилен