Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење

ВМРО-ДПМНЕ: Нов удар по џебот на граѓаните, поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење

Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;

-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;

-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.

Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?

Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт