Утрински Весник
Свет

Токаев положи заклетва

Токаев положи заклетва
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Касим-Жомарт Токаев, победникот на претседателските избори во Казахстан одржани на 20 ноември, положи заклетва и официјално го продолжи својот мандат како прв човек на државата, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Свечено се колнам дека вистински ќе му служам на народот на Казахстан, строго ќе се придржувам до Уставот и државните закони, ќе ги гарантирам граѓанските права и слободи и ќе ги исполнувам должностите на претседателот на државата што ми ја довери“, рече Токаев.

Казахстанскиот претседател додаде дека владата ќе се залага и за развој на односите со САД, ЕУ, земјите од Азија, Блискиот Исток, земјите од Кавказ и сите оние кои сакаат соработка со Астана.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски