Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб

„Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува и новиот извештај на Светска Банка според кој Македонија е во првите десет земји во светот кои имаат највисока реална инфлација во храна“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата посочуваат дека „оваа стапка се пресметува како инфлација на цените на храната минус вкупната инфлација и резултатите се поразителни. Од Европските земји пред нас е само Унгарија, а со Турција ја делиме позицијата. Други европски земји нема, туку сите останати се од Африка“.

„Катастрофални параметри измерил и Државниот завод за статистика во октомври, според кој цените за храна во октомври се повисоки за 32,4%. Но ако се земе предвид поскапувањето на основните намирници за над 50%, тогаш осиромашувањето на народот е далеку поголемо. Народот ќе трпи за леб, а на Ковачевски око не му трепнува. Владата на Ковачевски не направи ништо ова да го спречи. Напротив тие времето го трошат на тендери и лично богатење додека народот се соочува со рекордни стапки на инфлација кои се едни од највисоките во Европа и светот. Цените беснеат, долгот забрзано расте, енергетската криза станува се поголема, а Македонија со Ковачевски како по правило секогаш има најлоши параметри во споредба со другите земји“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат „Оваа неспособна и криминална власт мора да замине. Народот премногу скапо ја плаќа нивната неодговорност“.

Можете да прочитате

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

ЛДП со четири итни предлози од ЛДП за борба против канцерот кај жените