Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен разговараше со Зеленски, објави што испраќа ЕУ во Украина

Фон дер Лаен разговараше со Зеленски, објави што испраќа ЕУ во Украина

Европската Унија ќе ги интензивира напорите да им помогне на Украинците што се обидуваат да го одржат снабдувањето со електрична енергија и греење, најави вечерва претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Фон дер Лаен рече дека ЕУ е подготвена „што е можно побргу“ да достави значителни донации од земјите членки и од резервите на ЕК.

Наведе дека ЕУ може да испорача 200 средни трансформатори и голем автотрансформатор.

Од Латвија во Украина треба да се испрати еден голем автотрансформатор, а од Романија 40 големи генератори на струја.

Секој од овие генератори може да произведе доволно електрична енергија за да обезбеди мала или средна болница, рече претседателката на ЕК, додавајќи дека ЕУ изразува целосна солидарност со украинскиот народ, кој се соочува со „намерно и варварско“ бомбардирање на цивилната инфраструктура по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

Можете да прочитате

Стармер: Манделсон го предаде Обединетото Кралство со обелоденувањето информации за Епстин

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи