Утрински Весник
Спорт

Камерунецот Ондуа игра на мундијалот со руско знаме на копачките

Камерунецот Ондуа игра на мундијалот со руско знаме на копачките
Img 5587

Камерунскиот репрезентативец Гаел Ондуа го однесе руското знаме на Светското првенство во Катар бидејќи го има на своите копачки во знак на респект кон својата втора татковина. Русија не е во Катар бидејќи беа исфрлени од баражот против Полска поради војната во Украина, но Ондуа вели дека нема проблем да го каже своето убедување.

dobivaj vesti na viber

Ондуа од својата деветта година живее во Русија, каде што беше дел од младинскиот тим на Локомотив Москва, а 27-годишниот дефанзивец играше и за ЦСКА Москва, Анжи Махачкала, украинскиот Зорја Луханск и германскиот Хановер.

Ss1

„Никој од организаторите не обрна внимание на руското знаме на моите копачки. Тоа не може да биде одземено од мене бидејќи се чувствувам и како Камерунец и како Русин“, вели 27-годишниот Ондуа.

Ss1

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот