Во првиот натпревар од второто коло од групната фаза на Мундијалот во Катар, Иран го победи Велс со 2:0 со голови доцна во судиското надополнување. Чешми во 98. минута и Разеиан во 101. минута донесоа важен триумф за Иранците.
Велшаните играа со десетмина од 84. минута откако голманот Вејн Хенеси беше исклучен поради брутален старт надвор од шеснаесетникот.
Хенеси стана само третиот голман во историјата на светските првенства кој добил црвен картон. Пред него исклучени беа само Италијанецот Џанлука Паљука против Норвешка во САД во 1994 година и Итумеленг Куне во Јужна Африка во 2010 година против домаќинот Уругвај.
Голманот на Нотингем Форест е и првиот играч кој доби црвен картон во Катар.