Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Република Северна Македонија и Грција

Ковачевски – Филипиду: Продолжуваме со јакнењето на пријателските и партнерски односи помеѓу Република Северна Македонија и Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Република Грција, Софија Филипиду.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски ѝ посака топло добредојде на амбасадорката и ѝ посака успешно извршување на должностите, со што се очекува продлабочување на билатералните односи, особено во делот на економската соработка и енергетиката.

Заемно беше истакнато значењето на преспанскиот договор, кој отвори нова страница во билатералните односи меѓу двете држави, а воедно беше нагласен интересот и посветеноста на двете страни за негова целосна имплементација, што уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските и партнерските врски меѓу Северна Македонија и Грција.

На средбата заеднички беше оценето дека во услови на енергетска криза обете страни имаат особен интерес за стратешките инвестиции во енергетиката, вклучително и зелената енергија. За негување  успешни економски врски помеѓу двете држави, како особено значајно беше посочено инвестирањето во патната инфраструктура, односно Коридорот 10.

Премиерот ја искористи шансата да ѝ упати на амбасадорката Филипиду особена благодарност до неговиот грчки колега премиерот Кирјакос Мицотакис, за огромната поддршка што Република Грција континуирано ѝ ја дава на Република Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски процес.

На средбата обострано беше констатирано дека има услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави, како во областа на енергетиката и економијата, така и во повеќе други области од значење за граѓаните.

Можете да прочитате

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Приведен бугарски државјанин кој физички ја нападнал својата поранешна сопруга од Скопје

Одржлива иднина со зелени иновации – важноста на креирање на иновативни образовни центри за развивање на зелени иновациски вештини