Утрински Весник
Свет

Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со коронавирус

Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со коронавирус

Кина денеска пријави 32.695 случаи на инфекција со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.

dobivaj vesti na viber

Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.

Овој рекорд уследи по вчерашните 31.144 случаи на инфекција, што е најголем број од средината на април, кога беше прогласен карантин во Шангај, а градот беше затворен два месеци.

Повеќето од новите случаи се регистрирани во јужниот град Гуангжу и југозападниот Чонгкинг.

Пекинг пријавил 424 симптоматски и 1.436 асимптоматски случаи, а Шангај пријавил 9 симптоматски и 77 асимптоматски случаи на инфекција, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година