Утрински Весник
Свет

Путин: Западот ќе се соочи со сериозни последици ако воведе ограничување на цената на руската нафта

Путин: Можеби повторно ќе се повлечеме од договорот за украинското жито

Рускиот претседател Владимир Путин предупредува на сериозни последици за глобалниот енергетски пазар доколку Западот воведе ограничување на цената на руската нафта.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението од Кремљ се наведува дека Путин имал телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал-Судани и му честитал за преземањето на функцијата.

Иако фокусот на разговорот беше на перспективите за проширување на билатералните трговски и економски врски, двете страни „ја пофалија заедничката работа на Русија и Ирак во рамките на организацијата ОПЕК +, што овозможува да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта.

Тие разговараа и за обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта, се вели во соопштението, додавајќи дека Путин нагласил оти „таквите активности се спротивни на пазарните принципи и многу веројатно ќе резултираат со сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“.

Европската Унија досега не успеа да постигне договор за ограничување на цената на руската нафта, а Урсула фон дер Лаен, претседателката на Европската комисија, рече дека членките работат „со полна пареа“ на деветтиот пакет-санкции против Русија.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа