Утрински Весник
Спорт

Нема крај на проблемите за Франција: повреден е и Кингсли Коман

Нема крај на проблемите за Франција: повреден е и Кингсли Коман

Проблемите во таборот на фудбалската репрезентација на Франција не престануваат бидејќи денешниот тренинг на тимот го пропушти напаѓачот Кингсли Коман, објави весникот „Лекип“.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерот на Баерн Минхен заработил повреда на мускулот на загревањето и веднаш се вратил во соблекувалната. Медицинскиот штаб на тимот одлучи да го задржи напаѓачот за да не ризикува компликација на повредата.

Коман не стартуваше на отворањето на Светското првенство против Австралија во триумфт од 4:1, но влезе како замена и дури имаше добра можност за гол, но не ја искористи.

В сабота избраниците на Дидие Дешамп, кои се актуелни светски шампиони, ќе играат против Данска во вториот натпревар од групната фаза. Можно е Кингсли Коман да го пропушти натпреварот, но од таборот на „петлите“ се надеваат дека тој сепак ќе биде достапен на клупата за резерви.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026