Утрински Весник
Спорт

Кошаркарките пред голем предизвик, гостување во Белгија

Кошаркарките пред голем предизвик, гостување во Белгија
Ss2

Македонските кошаркарки се во очекување на дуелите со селекциите на Белгија и на Германија во ноемврискиот квалификациски ФИБА „прозорец“ во кој се брка пласман на Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Израел и Словенија.

dobivaj vesti na viber

Македонија вечерва (20.30 часот) во Леувен ќе ги одмери силите против Белгија.

Img 5587

„После цела година без тренинг, повторно се собравме, сепак, некомплетни. Ни недостасува најдобриот домашен играч, Анжелика Митрашиновиќ и уште неколку играчи од Италија кои не можат да бидат со нас. Факт е дека во изминатиот период трениравме некомплетни. Но ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Против нас ќе имаме големи кошаркарски имиња, но ние нема да се предадеме“, вели една од нашите најискусни кошаркарки, Нена Трајчевска, во пресрет на вечерашниот дуелот со Белгија.

За разлика од претходниот „прозорец“, односно по една година, имаме и промена во играчкиот ростер, поврзана со натурализирана кошаркарка. На местото на Девана Бонер сега во составот на селекторот Александар Ашаданов е Мерит Хемпе, кошаркарка на чешката УСК Прага.

„Како засилување ја имаме Мерит Хемпе. Се работи за одлична личност, се запознавме и заедно сме неколку дена. Мислам дека многу ќе ни помогне на теренот. Јас лично мислам дека можеме да се натпреваруваме со секоја репрезентација. Германија ни е попозната бидејќи игравме против неа во претходниот циклус. Но, Белгија има неколку познати кошаркарки и е една од најсилните во Европа. Сепак, ќе кажам дека не се плашиме од никого, излегуваме да се натпреваруваме и ќе се бориме до крај“, дополнува Трајчевска.

Во вториот натпревар од групата А, вечерва (19 часот), Германија ја пречекува непобедената селекција на БиХ.

Ss1

Можете да прочитате

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024