Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Инвестираме во капитални проекти за граѓаните

„Во Аеродром конечно се гради и инвестира, тоа е причината за нервозата во СДСМ“

Инвестираме во капитални проекти за граѓаните, фокусот го ставаме на зелен и хуман развој на општината, истакнува градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

„Транспаретност, ефикасност и оптимизација на трошоци. Во изминатата година покажавме дека инвестираме и се грижиме за граѓаните, но и со оптимизација на трошоците и домаќинско работење заштедуваме средства и вложуваме во нови капитални проекти и инвестиции. Овој начин на работа продолжува и во наредниот период. Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој планираме инвестиции во неколку важни и капитални проекти. Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваме на следната година“, напиша на социјалните мрежи Муцунски.

Според него, важно е да споменеме дека фокусот ставен на зелен и хуман развој на општината продолжува и во следниот период со многу поголем интензитет и динамика. Тоа подразбира, како што појаснува дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.

„Ги намалуваме непродуктивните трошоци и вложуваме во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница“ која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза.
Следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции“, додава Муцунски.

Граѓаните на Аеродром, како што вели, заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се гради и се инвестира. Општина во која се реализираат голем број капитални проекти и каде европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат, за што, како што додава говори и последното признание кое Аеродром го доби од страна на Советот на Европа.

Можете да прочитате

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди

Нов удар по џебот: Основните намирници повторно поскапуваат

Приведен 20 – годишен возач од Делчево