Западот неприфатливо дозволува и намерно го охрабрува Киев да изврши нови напади во близина на нуклеарната централа во Запорожје и затоа Русија ги повикува западните земји да влијаат на Украина да престане да ја гранатира нуклеарната централа, изјави денеска Марија Захарова.
Захарова изјави дека руското Министерство за надворешни работи ги повикува сите земји, особено оние кои тесно соработуваат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, да покажат политичка волја и одговорен пристап да направат сè што е потребно за засекогаш да го запрат украинското гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје, објави РИА Новости.
На брифингот со новинарите Захарова истакна дека Западот се обидува да продолжи да замижува пред очигледните злосторства и нуклеарната уцена на Украина со свесно измачување и охрабрување на Киев да изврши нови злосторства.