Утрински Весник
Свет

Урсула Фон дер Лајен: ЕУ го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија

Урсула Фон дер Лајен: ЕУ го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија
Ss2

Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

„Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли, дополнително да ја затапи нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лајен за време на посетата во Финска, пренесе Ројтерс.

300x250 (7)

Таа најави дека е уверена дека глобалната граница на цените на руската нафта со Г7 и другите големи партнери ќе биде одобрена многу наскоро.

Ss1

Можете да прочитате

Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање