Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петкова: Брутално насилство врз 10 месечно бебе, директорката на градинка во Гевгелија го крие случајот

(Видео) Петкова: Брутално насилство врз 10 месечно бебе, директорката на градинка во Гевгелија го крие случајот
Img 5587

Брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија. Директорката Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот, обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петкова.

dobivaj vesti na viber

„Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа. Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови“. И за истата да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов. Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска. Тренчовска му ги одзема ингеренциите за да можат директорите на Социјалдемократскиот сојуз да продолжат да ги држат функциите додека условите во градинките се сѐ полоши“, рече Петкова.

300x250 (7)

Таа истакна дека повредите со кои се стекнало 10 месечното бебе се големи, а реакција и одговорност мора да има.

Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција, вели Петкова соопштувајќи дека е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка.

ВМРО-ДПМНЕ ја повика министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија. Партијата бара од Тренчовска и да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов, и да не се меша во работењето на градинките.

Ss1

Можете да прочитате

Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

(Видео) Апасиев: Левица се изгоре во 2019 со поддршката на Силјановска, втор па нема да згрешиме!