Талибанците претепале три жени и девет мажи пред неколку стотици луѓе на стадион во провинцијата Логар, јавуваат медиумите.
Како што се наведува, ова е продолжение на бруталната казна, која беше симбол на владеењето на талибанците во 90-тите години.
Канцеларијата на гувернерот на Логар ги покани „најдобрите студенти, муџахедини, старешини, племенски водачи и локални жители“ на стадионот во градот Пул Алам. Поканата е испратена преку социјалните мрежи.
The world should act immediately against Taliban action towards women, women are getting rapped, tortured, banned from school, forced marriage, there 0 rights for women and ethnic minorities( Hazaras) in AFG under Taliban control. ACT NOW#StopHazaraGenocide @Europarl_EN https://t.co/WCEVBeyBWq
— 🌲Sir Mohseni🌲 (@mohseni221) November 23, 2022
Осудените добија меѓу 21 и 39 удари со камшик кога беа осудени за прељуба во локалниот суд, изјави еден функционер од канцеларијата на гувернерот, кој инсистира на анонимност.
Официјалните лица рекоа дека неколку стотици луѓе биле сведоци на камшикувањето и дека било забрането фотографирање и снимање на казната.