Утрински Весник
Свет

Њујорчани заробени од снежнoто невреме: Има жртви

Њујорчани заробени од снежнoто невреме: Има жртви

Во снежното невреме кое вчера го зафати западниот дел на Њујорк две лица загинаа.

dobivaj vesti na viber

Властите соопштија дека смртните случаи биле последица на срцев удар предизвикан од прекумерен напор при чистење на снегот.

Странските медиуми објавија дека за време на викендот се очекуваат повеќе од еден метар снег.

Во округот Ири, кој го опфаќа градот Бафало, е прогласена вонредна состојба, а возењето е забрането освен во итни случаи.

Обилните снежни врнежи не се невообичаени за западниот дел на државата Њујорк, кога топлите води на Големите езера Ири и Онтарио доаѓаат во контакт со студениот воздух што доаѓа од Арктикот.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година