Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун првпат во јавност со неговата ќерка

Ким Џонг Ун првпат во јавност со неговата ќерка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска за првпат ја покажа својата ќерка пред светот, на фотографиите на кои се прикажани двајцата пред лансирањето на најголемата балистичка ракета во земјата, што се случи вчера.

dobivaj vesti na viber

Северна Кореја во петокот ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 (ИЦБМ), објави државната новинска агенција КЦНА. Изненадувачки додаток на лансирањето беше присуството на ќерката на Ким, чие постоење никогаш досега не беше јавно потврдено.

Нејзиното неочекувано појавување ги зголемува шансите за лидерство на тоталитарната држава да премине на четвртата генерација на семејството Ким и сугерира дека нуклеарното оружје ќе биде дел од тоа наследство, велат аналитичарите.

„ Ова е првпат да ја видиме ќерката на Ким Џонг-ун на јавен настан“, изјави Мајкл Маден, експерт за севернокорејското раководство во центарот Стимсон во Вашингтон.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август