Утрински Весник
Македонија

Таравари по средбата со Ковачевски: Немаме понуда за влез во Влада

Таравари по средбата со Ковачевски: Немаме понуда за влез во Влада

„Зборувавме за борбата против корупцијата и европскиот пат“.

dobivaj vesti na viber

Ова беше објаснувањето на Арбен Таравари, лидер на Алијансата за Албанците, за средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Според Таравари, се зборувало за прашања поврзани со функционирањето на државата и системот.

„Немаме официјални преговори. Ако почнеме, нема да криеме. Не добивме покана“, изјави Таравари.

Тој смета дека партијата со која раководи е сериозна.

„Ако има преговори, на крајот членството ќе утврди дали ќе влеземе во Владата“, додаде Таравари.

Тој додаде дека ќе има услови.

„Ќе имаме црвени линии неопходни за влез во Владата. Имаме пакет-мерки кои ќе бидеатуслов за влез во Владата“, посочи тој.

Според него, ВМРО има лош „вординг“, односно станувала понационалистичка партија и од Левицата.

„Ние имаме комуникација со сите партии. Имаме и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. ‘Вордингот’ на ВМРО не ни се допаѓа, ги намалуваат капацитетите за соработка со албанските партии. ВМРО се натпреварува со Левицата, која е понационалистичка партија, што не е добро“, додаде Таравари.

Нему не му се допаѓа ниту работата на Владата СДСМ-ДУИ.

„Ќе продолжиме да критикуваме“, посочи Таравари.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!