Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Шуц: Германија останува посветена на регионот, ние да се фокусираме на ЕУ-реформите

Маричиќ – Шуц: Германија останува посветена на регионот, ние да се фокусираме на ЕУ-реформите

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со Сузана Шуц, директорката за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше разговарано за значењето на почетокот на преговори, за одвивањето на скрининг-процесот, спроведувањето на реформите, за регионалната соработка и за Берлинскиот процес.

„За нас, важно е да ја имаме поддршката од земјите членки на ЕУ. Почетокот на преговорите со Унијата е заеднички успех со кој отворивме нова страна на евроинтегративниот процес. Сега е најважно да останеме фокусирани на реформите и на процесот на преговори“, рече Маричиќ.

Тој на средбата со Шуц се заблагодари за континуираната поддршка што ја имаме од Сојузна Република Германија и за препознавањето и вреднувањето на работата и посветеноста на оваа Влада на реформите.

Сузана Шуц рече дека за Германија интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и соработката во рамките на Берлинскиот процес остануваат приоритет и во наредниот период.

„Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, што е од стратешки интерес и за регионот и за Европа“, истакна Шуц.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила