Утрински Весник
Економија

Се намалува цената на горивата

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 % во однос на одлуката од 16.11.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,881 %, кај дизелот 1,145 %, кај екстра-лесното 1,165 % и кај мазутот намалувањето е 2,707 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,517 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 2,00 денара/л. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,660 денар/кг и сега ќе изнесува 45,962 денари/кг.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.

Од 19.11.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“      91,50 (денар/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“      92,00 (денара/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“     93,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)     88,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                    45,962 (денари/килограм)

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите