Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден немаат актуелни планови за средба, соопшти Кремљ откако рускиот заменик министер за надворешни работи изјави дека Москва не ја исклучува можноста за средби на високо ниво меѓу двете земји.
„ Во моментов не се зборува за самит“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече, како што се приближува средбата меѓу двете земји во Каиро за ширењето на нуклеарното оружје, дека Русија не исклучува состаноци на високо ниво со САД за „стратешка стабилност“.
Сепак, Рјабков навести дека нема што да се разговара со САД за Украина. Двете страни имаат радикално различни позиции, рече тој.