Утрински Весник
Македонија

Томовски: Директорите во М НАВ ја чинат државата над 630.000 евра за еден мандат

Томовски: Директорите во М НАВ ја чинат државата над 630.000 евра за еден мандат

Аферата Паразити продолжува во М НАВ. Покрај Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски, плата од 3.000 евра месечно зема и Миѓен Салмани, член на Управен Одбор и Извршен Директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции во М НАВ, истакна на денешната прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Салмани за една година од М НАВ зема и до 36.000 евра, а за еден мандат ќе наплати 144.000 евра. Кој е придонесот на Салмани, за оваа висока плата? Што направил Салмани за да ги одработи тие 3.000 евра месечна плата? Салмани, заедно со Фехрудин Хамиди и Владо Крстевски, го чинат државното М НАВ над 630.000 евра за плати за време од 4 години. Да, над 630.000 евра за 4 години ја чинат М НАВ овие тројца директори, а никој не знае кој е нивниот придонес“, вели Томовски.

Дел од „Паразити“ е и Фестим Халили, директор на ФИТР, кој според Томовски месечно зема плата од 1.000 евра.

„А за еден мандат тоа се речиси 50.000 евра. Кој е бенефитот за Македонија од работата на Халили? Со плата иста како Халили е и Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за еден мандат, а резултатот од неговото работење како советник во владата никој не го знае“, посочува Томовски.

Аферата „Паразити“, како што додава, покажува десетици функционери именувани од владата како земаат десетици илјади евра на име плата, а притоа немаат никаков резултат, со што би ги оправдале така високите примања, додека народот гладува.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации