Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен дожд и умерен ветер

Облачно со повремен дожд и умерен ветер
300x250 (7)

Времето денеска претпладне, по одделни котлини ќе биде со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Ss1

Во Скопје и во околината денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Горд сум што го потпишав првиот Договор со ЕУ- ФРОНТЕКС, на македонски јазик

Филипче: Скриената подмолна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ излезе на површина

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов