Според партијата на власт, партијата Левица, предвоена од Димитар Апасиев претставува реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата.
„Левица јасно е определена против стратешките цели на државата, анти НАТО и анти ЕУ. И уште поголема опасност е дека Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски, како човек без став, визија и одлучност. Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до раб на провалија“, се наведува во соопштението од СДСМ.
СДСМ и демократските сили, како што додаваат од оваа партија, нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен, поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски.
Државата, велат од СДСМ, ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина.