Утрински Весник
Македонија

Собранието едногласно го усвои законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се гарантира слободата на изразување

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Собранието едногласно го усвои законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се гарантира слободата на изразување.

dobivaj vesti na viber

„Ова е еден од најлибералните закони во Европа, чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медиумските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Законот предвидува пред поднесување тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија“, соопшти Министерството за правда.

Можете да прочитате

ЦУК информира за четири активни пожари, Трубарево и Дрисла под контрола

Утре со ведро и посвежо утро, преку денот сончево

Не е пронајдена никаква штетна материја во Црна Река