Утрински Весник
Свет

Гутереш: Го поздравувам продолжувањето на црноморската иницијатива за жито

Гутереш: Го поздравувам продолжувањето на црноморската иницијатива за жито
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска го поздрави продолжувањето на црноморската иницијатива за жито за олеснување на извозот на украинските земјоделски производи.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравувам договорот на сите страни за продолжување на иницијативата за жито за олеснување на безбедниот извоз на прехранбени производи и ѓубрива од Украина“, рече Гутереш во изјавата, пренесува „Ројтерс“.

Гутереш рече дека ОН се исто така „целосно посветени на отстранување на преостанатите пречки за извозот на храна и ѓубрива од Руската Федерација“, дел од договорот што е клучен за Москва.

Договорот за извоз на земјоделски производи од Украина беше склучен на 22 јули.

Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување