Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни

Ковачевски: Обновливите извори на енергија се иднината на регионот, инвестициите во зелената транзиција се клучни

Република Северна Македонија како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работи на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што има донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија. Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Белград на панел дискусија за можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан на која учествуваат инвеститори од Норвешка.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија е фокусирана на обезбедување на енергетска стабилност во услови на светска енергетска криза за што има краткорочен план кој до сега успешно се спроведува со активирање на сите капацитети за домашно производство на струја. Но, земјата има и долгорочен план со кој се стремиме кон декарбонизација и насочување кон она што го имаме во изобилство, производство на струја од ветер, сонце и вода.

„Република Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор во 2019 година, заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ. Ние сме првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во Осломеј, Кичево, на место каде што веќе градиме 120 MW соларна централа на местото на поранешниот рудник за лигнит. Ова е конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија и покажува силна волја за декарбонизација на нашиот енергетски сектор, а со тоа и декарбонизација на нашата економија“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија како ниедна до сега вложува во енергетиката и во проекти кои на среден и долг рок ќе носат само бенефит. Тоа се гледа во посветеноста на енергетската транзиција на земјата, затоа што тоа е иднината и за енергетска независност на земјата, но и на целиот регион и за заштита на животната околина.

Целта на Конференцијата е да ја зајакне соработката во можностите за развој на капацитети за обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан кои треба да обезбедат енергетска независност. Регионалната конференција за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан е во организација на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Сараево и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во соработка со Нордиската стопанска алијанса.

Можете да прочитате

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата