Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го потврди настапот на Австралијан Опен: Среќен сум што ќе играм во Мелбурн

Ѓоковиќ го потврди настапот на Австралијан Опен: Среќен сум што ќе играм во Мелбурн
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да игра на првиот грен слем турнир следната година, Австралија опен, во јануари 2023 година. Ѓоковиќ не можеше да ја одбрани титулата во Мелбурн оваа година бидејќи беше депортиран од земјата затоа што не е вакциниран против вирусот Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

„Бев многу среќен со веста што ја добив. Јасно е дека ми е олеснување со оглед на сето она што го поминавме јас и моите најблиски на почетокот на оваа година“, изјави Ѓоковиќ по победата против Андреј Рубљов на завршниот АТП-турнир во Торино.

Откако беше депортиран од Австралија во јануари, на Ѓоковиќ првично му беше забранет влез во таа земја до 2025 година, но бидејќи Австралија во јули го укина правилото според кое странците требаше да го пријават својот статус на вакцинација при влез во земјата, стана јасно дека и забраната за Србинот ќе биде отстранета.

Ѓоковиќ освои девет од вкупно 21 гренслем титула во кариерата на Австралијан опен.

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини