Утрински Весник
Свет

(Видео) Џјинпинг до Трудо: „Сè што зборувавме заврши во весниците, тоа не е убаво!

(Видео) Џјинпинг до Трудо: „Сè што зборувавме заврши во весниците, тоа не е убаво!

Претседателот на Кина и премиерот на Канада беа фатени како имаат необичен разговор на маргините на самитот на Г-20 на Бали, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Шји Џјинпинг е снимен како изразува загриженост дека сè за што разговарале тој и Трудо завршило во медиумите.

„Сè за што разговаравме заврши во весниците, не е убаво“, се слуша како претседателот на Кина му кажува на Трудо преку преведувач.

Укорот, според написите, не завршува тука.

„Тоа не е начин за разговор, ако има искреност од ваша страна“, вели Џјинпинг.

„Па, јас верувам во слободен, отворен и искрен дијалог што ќе го продолжиме. И ќе продолжиме да работиме конструктивно заедно“, рече Трудо.

„Но, ќе има работи за кои нема да се договориме а ќе мораме“, додаде Трудо.

„Прво да создадеме услови“, додава кинескиот претседател.

Острата размена, како што анализираат медиумите, дојде еден ден откако Трудо изрази длабока загриженост за мешањето на Кина во канадските активности, за кое се верува дека е поврзано со мешањето во изборите во 2019 година.

Трудо и Шји разговарале и за војната во Украина, Северна Кореја и важноста на самитот за климатски промени во Монтреал, кој ќе се одржи во декември, додава извор за „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција