Утрински Весник
Свет

Во близина на Бали се запали патнички траект со 271 лице

Во близина на Бали се запали патнички траект со 271 лице

Патнички траект со 271 лице од Јава се запали денеска во близина на индонезискиот остров Бали, а засега нема информации за жртви, додека напорите за евакуација се во тек, соопштија претставници на спасувачките служби.

dobivaj vesti na viber

Фериботот „Mutiara Timur I“ превезувал 236 патници и 35 членови на екипажот кога се запалил во теснецот Бали, на околу 1,5 километар од плажата Карангасем, пренесе АП.

Десетици спасувачи, морнари и локални рибари се обидуваат да ги евакуираат луѓето на два брода на морнарицата, изјави началникот на Агенцијата за пребарување и спасување на Бали, Геде Дармада, додавајќи дека се истражува причината за пожарот.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка