Утрински Весник
Магазин

Објавени номинациите за „Греми“, Бијонсе доминира

Објавени номинациите за „Греми“, Бијонсе доминира

Поп-ѕвездата Бијонсе има најмногу номинации за престижната музичка награда „Греми“, по неа се Кендрик Ламар и Адел.

dobivaj vesti na viber

Таа влегува во трка со Адел, Хари Стајлс и Лизо за најголемото признание Албум на годината.

Бијонсе доби девет номинации за највисоките музички почести. Со новите номинации, таа има вкупно 88 номинации во кариерата, со што се изедначи со својот сопруг Џеј Зи како најноминиран изведувач во историјата на „Греми“.

Нејзиниот албум Renaissance се натпреварува за албум на годината со „30“ на Адел, Harry’s House на Хари Стајлс, Special на Лизо и неколку други.

Раперот Кендрик Ламар, исто така во трка за албум на годината со Mr. Morale & The Big Steppers, заработи вкупно осум номинации, по што следат Адел и пејачката-текстописец Бренди Карлајл, секоја со седум.

Можете да прочитате

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни