Утрински Весник
Свет

Медведев: Западот се приближува кон светска војна

Медведев: Западот се приближува кон светска војна

Поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Путин, Дмитриј Медведев, изјави дека експлозијата на полска територија покажала дека Западот се приближува кон нова светска војна.

dobivaj vesti na viber

„Инцидентот со наводниот „ракетен напад“ на Украина на полска фарма докажува само едно: водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, напиша Медведев на Твитер.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно синоќа изјави дека земјата нема конкретни докази за да покаже кој го испукал проектилот што ја погоди фармата за жито и уби две лица.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја