Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува

„СДСМ ги слуша проблемите на студентите, работи за нив и ги вклучува во носењето на политиките, кои што ги засегаат. Триесет години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса, но времињата кога некој можеше да си погрува со студентите како што сака, поминаа. Поминаа и времињата кога партиски злоупотребуваната полиција тепаше студенти на плоштади, во библиотеки и студентски домови како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму истакнуваат дека „претседателот Димитар Ковачевски, самоиницијативно се сретна со сите лидери на студентските движења и заедно низ дијалог најдоа заедничко решение за студентскиот оброк, како и за други прашања во врска со студентскиот стандард“.

„Студентскиот оброк, за првпат воведен пред две години од страна на СДСМ, на предлог на СДММ, ќе продолжи да се користи по старите критериуми. Студентите ќе бидат вклучени во работната група, која ќе работи на креирањето на законско решение, кое ќе биде системско. Ковачевски ги слуша и почитува студентите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици