Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најбугарската партија во Македонија

„СДС е најбугарската партија во Македонија, тие не се оградија од ставот на Заев и коалициониот партнер Георгиевски дека Бугарите биле ослободители. Првин Заев, сега и Георгиевски велат дека Бугарите се ослободители. Ковачевски само ги следи и спроведува нивните политики. Ковачевски е послушник на Заев и Георгиевски, и затоа не смее да ги осуди негаторските изјави на неговите ментори“ соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму апелираат „Ковачевски да се образува историски, да смогне сили и да се одрече од коалицијата со луѓе кои тврдат дека Скопје е ослободено заедно со Бугарите, а во крајна линија што поскоро да распише предвремени парламентарни избори, на кои конечно комунистичката партија СДС ќе замине од политичката сцена во Македонија, а на сцена ќе дојдат политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе носат иднина за Македонија“.

„СДС е најбугарската партија, која предводи пробугарска коалиција. Жални и очајни се сите тезите на СДС, тие се партијата чиј претседател Заев кажа дека македонскиот јазик и бугарскиот јазик се ист јазик. Тие се партија која е во коалиција со Љубчо Георгиевски. СДС злоупотребувајќи ја историјата им донесе болна сегашност на македонските граѓани“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

М-НАВ им забрани влез на синдикалците додека вдомува партиски кадри

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август