Утрински Весник
Свет

Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски

Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Пред војната зборував со него сам долго време во Москва. По тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц додека им се обраќаше на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали, пренесува ТАСС.

Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.

„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина.

Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра