Утрински Весник
Магазин

Кејт Хадсон и Голди Хоун – ќерката и мајката заедно на настан во Лос Анџелес

Кејт Хадсон и Голди Хоун – ќерката и мајката заедно на настан во Лос Анџелес

Кејт Хадсон и Голди Хоун присуствуваа на премиерата на „Нож во грб 2“ во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Кејт (43) блеска во проѕирен фустан покрај својата мајка Голди (76) на црвениот тепих.

И двете се решија за креација што го истакнува нивниот индивидуален стил.

На настанот им се придружи свршеникот на Кејт, Дени Фуџикава (36).

Хадсон беше зафатена со промовирање на продолжението на хитот на „Нетфликс“, во кое глуми заедно со Даниел Крег (54). Тој  ја репризира улогата на детектив сезнајко како и во првиот филм од 2019 година – со наслов Knives Out.

Сепак, Крег го прескокна настанот во Лос Анџелес иако засега не е јасно зошто.

Крег, ѕвездата на филмската сага „Џејмс Бонд“, претходно беше присутен на премиерата на филмот во Мадрид, Шпанија.

Можете да прочитате

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите