Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Заедно со меѓународните партнери ги јакнеме националните системи за управување со границите и миграцијата

Спасовски: Заедно со меѓународните партнери ги јакнеме националните системи за управување со границите и миграцијата

Денеска, започна дводневната Министерската Конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во соорганизација на МВР со Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), а на која присуствуваат министри за внатрешни работи од регионот. Со свои обраќање учествуваат министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак, Генерален директор на ИОМ, Антонио Виторино, а свое видео обраќање имаа и Прв заменик премиер и Министер за внатрешни работи на Чешка Република, Вит Ракушан, како и Европскиот комесар за добрососедство, Оливер Вархеји.

dobivaj vesti na viber

„Многу пати досега е истакнато дека менаџирањето на миграцијата е комплексен безбедносен предизвик, со кој се соочуваме и како држава и како регион во целина, бидејќи Балканскиот полуостров е дел од природниот коридор и крстосница на мигрантските рути и под-рути кои водат од Азија и Африка кон Централна и Западна Европа. Нелегалните миграции се секојдневна тема на дискусија и дејствување на полициските служби во нашиот регион и во Европа, каде притисокот и транзитот на нелегалната миграција преку западно – балканската рута и во 2022 година останува висок, а криминалниот пазар со криумчарење мигранти поради побарувачката за криминални услуги и понатаму е привлечен и профитабилен за криминалните групи. И низ т.н. Балканска рута, регистрираме мрежи на организирани криминални групи кои ги користат сите можности за да се стекнат со големи суми на пари заработени на криминален начин“, истакна Спасовски.

Според него, актуелните воени и политичко безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток, неповолната економска и социјална состојба во матичните земји влијаат за влез и транзит на нелегални мигранти низ нашата земја. Од друга страна, како што рече. годинава го имаме и развојот на украинската криза која долгорочно ќе влијае на геополитичката стабилност и одржувањето на безбедноста во светски рамки.

„Потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија што со гордост го промовираме во последниов месец и на меѓународно и на национално ниво за нас има повеќе значења. Пред се, по ратификација на Договорот, со цел обединување на силите и зајакната координација, се отвора можноста за распоредување на персонал на Фронтекс на наша територија. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите, што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите, особено на нелегалните. Истото несомнено ќе доведе до одржливи и трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани и граѓаните на Унијата.

Уште еднаш би сакал да потенцирам дека мораме да продолжиме како одговорни институции да го градиме капацитетот за одржливо управување со миграциите. Мораме да вложуваме во дополнителна обука на органите за спроведување на законот, да продолжиме да инвестираме во материјално-техничките средства, особено во информациските технологии кои може значително да помогнат во одговорот во оваа област“, рече Спасовски.

Можете да прочитате

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради